| |
31 Август 2009
Конференција за медиумите за подигнување на свеста за мобинг
На 31 август, во ЕУ Инфо центарот неколку невладини организации
одржаа конференција за медиумите за заложбите за создавање на
мрежа за заштита на правата на жртвите од мобинг.

Драган ТРАЈЧЕВ, од Центарот за пермакултура и градење на мир од
Штип, Ѓунер НЕБИУ, од невладината организација Антико од Скопје,
и Надир РЕЏЕПИ, од невладината организација Сонце од Тетово ги
објаснија целите на проектот “M.O.B.B.I.N.G. – градење мрежа за
Првата генерација на организации на граѓанското општество за
заштита на правата на жртвите од мобинг”. Проектот е подржан од
ЕУ, во рамките на Европската иницијатива за демократија и
човекови права (ЕИДХР).
Како дел од проектот, невладините организации започнаа кампања
за подигнување на свеста насловена“Спротистави му се на
мобингот”.

|
|