СЕПТЕМВРИ 2009


Комесарот Фигел во Скопје

Комесарот за образование, обука, култура и млади Јан ФИГЕЛ, на 3 и 4 септември, ќе ја посети поранешната Југословенска Република Македонија.

При посетата, Kомесарот ќе се сретне со Претседателот на Владата Никола ГРУЕВСКИ, Заменик Претседателот на Владата задолжен за Евроинтеграции Васко НАУМОВСКИ, Министерот за образование и наука Никола ТОДОРОВ и Министерот за култура Елизабета КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА.

Комесaрот Фигел заедно со Заменик на Претседателот на Владата Наумовски, Министерот Тодоров и Директорот на националната агенција за образовни програми и мобилност Бошко НЕЛКОВСКИ , ќе учествуваат на панел дискусија на тема “Можностите на младите и студентите од Западен Балкан во ЕУ” која ќе се одржи во ЕУ Инфо Центарот на 3 септември.

Во улога на патрон, Комесарот Фигел ќе го отвори XIV издание на Биеналето на млади уметници од Европа и Медитеранот кое ќе се одржи од 3 до 12 септември во Скопје.