03 септември 2009

Комесарот Јан ФИГЕЛ го отвори XIV Биенале на млади уметници од Европа и Медитеранот – Седум порти: Биенале Скопје
 

На 3 септември, Комесарот за образование, обука, култура и млади, Јан ФИГЕЛ беше во дводневна посета на Скопје, и учествуваше на отварањето на XIV издание на Биеналето за млади уметници од Европа и Медитеранот - Седум порти (3-12 септември 2009) на плоштадот на главниот град.

Десетдневното Биенале, чиј покровител е Комесарот ФИГЕЛ, во Скопје ќе собере повеќе од 700 уметници од 46 земји, а нивните дела ќе бидат изложени на јавни места во градот, кои ќе претставуваат места за интеркултурен дијалог.“Среќен сум што ова издание на Биеналето за млади уметници од Европа и Медитеранот се одржува токму во 2009 година, која што е Европска година на креативност и иновативност. Културата и уметноста се најдобриот начин за промоција на мирен и конструктивен дијалог за надминување на политичките и културните граници”, нагласи ФИГЕЛ на отворањето. Биеналето е поддржано од Извршната Агенција за образование, култура и аудиовизуелизација (EАЦЕА), која е одговорна за раководење со одредени делови на програмите на ЕУ на полето на образованието, културата, и аудиовизуелизација.

Истиот ден, комесарот ФИГЕЛ учествуваше на панел дискусијата за ”Можностите за младите и студентите од Западен Балкан во ЕУ”, која се одржа во ЕУ Инфо центарот. Тој истакна, “Европската Комисија презема мерки со кои ќе се овозможат повеќе стипендии за студентите од Западен Балкан во рамките на Програмата Ерасмус Мундус и поголем опфат на стипендии за студенти од секое ниво, како и за академскиот кадар”. Од 2004 година, околу 1200 студенти и ученици од земјите на Западен Балкан имаа придобивки од Програмата Ерасмус Мундус, вклучувајќи приближно 130 студенти и академски кадар од земјата. Тој ги охрабри студентите целосно да ги искористат проширените можности овозможени од Програмата Ерасмус Мундус за мобилност на ЕУ.

Покрај тоа, Комесарот Фигел им се обрати на учесниците на 3-та неформална средба на Културните контакт точки (4-5 септември 2009). Културните контакт точки од Австрија, Бугарија, Република Чешка, Хрватска, Велика Британија, Финска, Литванија, Малта, Полска, Португалија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Црна Гора и нивниот домаќин – Културните контакт точки од поранешната Југословенска Република Македонија, се сретнаа во ЕУ Инфо центарот. Целта на средбата е да се нагласат новите предизвици со кои се соочуваат културните контакт точки во имплементација на Програмата за култура 2007 – 2013. Министерот за култура г-ѓа Елизабета КАНЧЕСКА МИЛЕВСКА, исто така им се обрати на учесниците.

Како дел од посетата, Комесарот ФИГЕЛ оствари средби со Претседателот на Владата Никола ГРУЕВСКИ, Заменик претседателот на Владата задолжен за евроинтеграции Васко НАУМОВСКИ, Министерот за образование и наука Никола ТОДОРОВ, како и со Министерот за култура Елизабета КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА.