септември 2009

Европски филмови на филмскиот фестивал “Браќа Манаки”
 

30-от Интернационален фестивал на филмска камера “Браќа Манаки” се отвори на 26 септември во Битола, со прикажувањето на британскиот филм, Милионерот од предградието, во режија на Дени Бојли (2008).

Програмата на фестивалот опфаќа избор на 11 кратки филмови номинирани за европските филмски награди, 13 филмови во официјалната конкуренција, 6 документарни филмови, 5 во “Програма за нова визија” и многу други во дополнителната програма на Фестивалот. Фестивалот, оваа година е подржан од програмата на ЕУ за информации и комуникации, со што на јавноста ќе и се прикаже разновидноста на европската култура и филмската уметност.

На 27 септември, се одржа панел дискусија на тема : Иднината на кинематографијата е дигитална? организирана во соработка со Европската филмска академија на која учествуваа истакнати кинематографи, како што се Антони ДОД МАНТЕЛ (кинематограф на филмот Милионер од предградието), Јури КЛИМЕНКО, Дени ЕЛСЕН, кои ги анализираа техничките и естетските аспекти на темата.

Амбасадорот Ерван ФУЕРЕ ја додели наградата за животно дело Златна Камера 300 на британскиот кинематограф Петар СУЧИТСКИ.

Од 2002, Интернационалниот фестивал на филмска камера “Браќа Манаки” е член на Европската координација на филмски фестивали. За подетални информации, ве молиме посетете ја интернет страната www.manaki.com.mk