| |
28 септември 2009
Конференција за промоција на проекти за обнова на културното
наследство
На 28 септември, ЕУ Инфо центарот беше домаќин на Конференцијата
за промоција на проекти за обнова на културното наследство-
Процес Љубљана.. Конференцијата се одржа со цел да се
промовираат проектите за културно наследство во рамките на “Процесот
Љубљана”, кој што претставува заедничка програма на
Европската Комисија и Советот на Европа. Конференцијата е
организирана во рамките на Деновите на европското наследство,
кои се одбележуваат во повеќе делови на земјата.
Г-ѓа Елизабета КАНЧЕСКА МИЛЕВСКА, министер за култура,
амбасадорот Ерван ФУЕРЕ и Г-дин Џанлука СИЛВЕСТРИНИ, претставник
на Советот на Европа им се обратија на присутните. Проектите за
обнова кои ќе се спроведуваат во рамките на Регионалната
програма за културно и природно наследство во Југоисточна Европа
беа претставени од страна на Др.Јулија Тричковска, национален
координатор на Интегрираниот проектен план за обнова.
Истовремено, во ЕУ Инфо центарот беа изложени слики од три
споменициво Кратово, Охрид и Старо Нагоричане, кои се избрани во
рамките на проектот за обнова. Изложбата ќе биде отворена до 5
октомври.

|
|