28 септември 2009

Промовиран Поимник на терминологијата на Европската Унија

На 28 септември, во ЕУ Инфо центаротбеше организирана промоција на Поимникот на терминологијата на ЕУ подготвен од страна на д-р. Тања КАРАКАМИШЕВА, професор на Правниот факултет “Јустинијан Први”, Скопје и магистер Вероника ЕФРЕМОВА. На присутните им се обратија авторите, Улрике МАРИА КНОТС, амбасадор на Федеративна Република Германија, Патрик ПAKE, прв секретар на Мисијата на ЕУ и д-р Васко НАУМОВСКИ, вицепремиер задолжен за ЕУ прашања, притоанагласувајќи го значењето за издавање на овој поимник.

Објавувањето на поимникот (со објаснувања на германски, англиски и македонски јазик) е финансиран од германската агенција за теничка соработка (ГТЗ).