15 октомври 2009

Претставен извештајот за напредокот за 2009 пред бизнис заедницата

На 15 октомври, Мисијата на Европската Унија во Скопје организираше средба со бизнис заедницата, на која беа презентирани “Стратегијата за проширување и главните предизвици за 2009-2010” и Извештајот за напредокот за 2009 за поранешна Југословенска Република Македонија.

Kлучните елементи на документот кои се однесуваат на политичките прашања, бизнисот и животната средина беа презентирани од Aмбасадорот Ерван ФУЕРЕ, шеф на Делегацијата на Европската комисија, Емануеле ГУИНЕУФ, раководител на оперативните работи 2 и Ружица АНДРОНИКОВА таск менаџер.

Амбасадорот ФУЕРЕ ги истакна главните наоди на Комисијата во областа на економијата и ја охрабри бизнис заедницата да продолжи со активната улога во целокупниот социјален диалог.

Тој им ја честита на присутните препораката од Европската Комисија за отворање на пристапните преговорите.