| |
15 октомври 2009
Претставен Извештајот за напредок за 2009 на претставниците на граѓанското општество
На 15 октомври, Мисијата на Европската Унија во Скопје организираше презентација на годишниот документ
“Стратегијата за проширување и главните предизвици за 2009-2010” и на Извештајот за напредок 2009 за
поранешна Југословенска Република Македонија за претставниците на граѓанското општество.
Главните наоди во Извештајот за напредок во однос на граѓанските организации беа презентирани од Амбасадорот Ерван ФУЕРЕ,
шеф на Делегацијата на Европската комисија, Емануеле ГУИНЕУФ, шеф на оддел, и Ирена ИВАНОВА, таск менаџер.
Амбасадорот ФУЕРЕ им ја честита на присутните препораката на Европската Комисија за отварање на пристапните преговорите и ја
нагласи важната улога на граѓанските организации во целокупните заложби на земјата за пристапување во ЕУ.

|
|