| |
20 октомври 2009
ЕУ Инфо центарот го прослави својот прв роденден!
ЕУ Инфо центарот во Скопје ја одбележа првата година од своето постоење – својот прв роденден,
со прослава и мал коктел во своите простории на 20 октомври.
Во измината година, ЕУ Инфо центарот дејствуваше како постојан форум на Делегацијата и на други настани поврзани со ЕУ,
кажа Амбасадорот Ерван ФУЕРЕ во оваа пригода.
Тој истакна дека се прават сите напори и не само што еден ден земјата ќе стане членка на ЕУ, туку и нејзините граѓани ќе станат граѓани на ЕУ. Добро информираните граѓани, кажа ФУЕРЕ, се во можност подобро да ги разберат придобивките од процесот за пристапување,
предизвиците кои следуваат, и да имаат реални очекувања за иднината.
Бројките подолу ја илустрираат работата на Инфо центарот во изминатата година од неговото постоење:
- Повеќе од 120 настани
- Повеќе од 5,500 посетители на настаните
- Многу повеќе секојдневни посетители кои бараат публикации или специфични информации
- Повеќе од 25,000 публикации разделени на посетители, партнерски организации и институции
Како централна точка за дистрибуција на информации, ЕУ Инфо центарот помогна во проширувањето на информациските мрежи на ЕУ – две нови инфо точки беаотворениво Битола (Универзитет “Св. Климент Охридски”) и во Тетово (“Универзитет за Југоисточна Европа”),
и уште една инфо точка беше отворена во националната универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” во Скопје.
Сите активности во изминатата година беа преземени во согласност со главните цели на ЕУ Инфо центарот: подигнување на свеста за ЕУ;
нејзините институции; тела и механизми; задоволување на потребите за информации за конкрени заинтересирани групи и чинители;
поттикнување на јавни дебати за прашања поврзани со пристапувањето во ЕУ;
поддршказа професионалци и истражувачи; соработка и размена на информации со други инфо центри на ЕУ.

+ Фото галерија од настанот
|
|