| |
3 Ноември 2009
Заедно сме посилни и можеме да ја спасиме нашата планета!
– кажаа децата кои присуствуваа на предавање за климатските проемни во ЕУ Инфо центарот
Околу 60 ученици од основните училишта од 9 од 10-те општини од Скопје присуствуваа на предавање за климатските промени,
кое се одржана 3 ноември, во рамките на Деновите на климатските промени, во организацијана ЕУ Инфо центарот.
На децата, исто така им беа прикажани и документарни филмови од аудио визуелниот сервис на ЕУ во врска со климатските промени.
По предавањето, учениците учествуваа на работилница на која напишаа пораки поврзани со климатските промени.
Пораките се сега изложени на посебна поставка во форма на ветерница. Децата ги напишаа следните пораки:
- Вози велосипед!;
- Не ги уништувај дрвjата;
- Заедно сме силни и можеме да ја заштитиме нашата планета!;
- Грижи се за природата за посигурна иднина!;
- Рециклирај!;
- Глечерите треба да се спасат!
Во пресрет на Самитот во Копенхаген за климатските промени 2009, мисијата на ЕУ ќе организира серија на настани поврзани со заложбите на ЕУ за
намалување на емисијата на стакленички гасови и активностите за усвојување на европските политики во врска сореалноста околу климатските промени.
Целта е да се подигне свеста за човечкото влијание врз климата, да се информира за новите пристапи за намалување на емисијата на стакленичките гасови и да се повика за заеднички активности во борбата против климатските промени.
Исто така, целта е да се поттикнат понатамошнидискусии на национално ниво за прашања поврзани со климатските промени и потребните активности.

|
|