| |
13 Ноември 2009
Денови на климатските промени: Организирана промоција на книги
Во петок, 13 ноември, книгите „Гладта, автомобилот, пченицата и ние”, од Фабрике Миколино и “Генетски модифицираните организми кои го менуваат светот” од професорот Зил–Ерик Сералини беа промовирани во ЕУ Инфо Центарот, во рамките на Деновите на климатските промени. Исто така, ЕУ Инфо Центарот ја претстави брошурата „Борбата со климатските промени – ЕУ го предводи патот”, преведена на локалните јазици.
Промоцијата беше организирана во тесна соработка со Францускиот центар за соработка „Жан Моне” од Скопје и со издавачката куќа „Магор”.
Советникот за култура и соработка од француската амбасадата, Јохан УХРЕС имаше воведно излагање за земјата, климатските промени и енергетските извори. Тој исто така ја претстави книгата „Гладта, автомобилот, пченицата и ние”, поврзана со биогоривата.
Патрик ПАКЕ, раководител на секторот за политика и информации ја претстави брошурата „Борбата со климатските промени”. Брошурата дава преглед на интегративната политика на ЕУ за енергијата и климатските промени, нејзината обврзаност за намалување на емисијата на ‘стакленички’ гасови и ветувањето дека ќе биде лидер во меѓународните преговори за усвојување на уште поамбициозни цели, кои се дефинирани за да се спречи зголемување на тепературата на земјата за повеќе од 2˚C, што претставува ниво за кое што научниците сметаат дека е точка од која нема враќање назад.
Професорот Зоран ПОПОВСКИ, од Факултет за земјоделски науки ја промовираше книгата на тема генетски модифицирани организми.
Директорката на издавачката куќа „Магор” Павлина ГЕРАСИМОВСКА зборуваше за нивниот ангажман во областа на екологијата и издаваштвото.
По промоцијата следуваше проекција на филмот „Дом” на познатиот автор Иан Артус Бертранд во продукција на Лук Бесон.
Изложбата на фотографии од фотографот Иан Артус Бертранд е изложена во ЕУ Инфо центарот.

|
|