| |
16 Декември, 2009
Ученици од ОУ "Јохан Хајнрих ПЕСТАЛОЦИ” го посетија ЕУ Инфо центарот
На 16 декември, ЕУ Инфо центарот организираше презентација за ЕУ за учениците од седмо и осмо оделение од ОУ “Јохан Хајнрих ПЕСТАЛОЦИ” од Скопје.
Вработените во ЕУ Инфо центарот направија кратка PowerPoint презентација за историјатот на Европската Унија, институциите и симболи, вклучутелно и за знамето, химната и мотото, како и за заедничките достигнувања на европските народи.
По предавањето, тие учествуваа во сесијата за прашања и одговори и краток квиз за ЕУ.
ЕУ Инфо центарот ги отвори своите врати за учениците од основните и средните училишта, како и за студентите од универзитетите.
Целта е да се воспостави редовна комуникација и да го зголемат знаењето за прашања поврзани со ЕУ преку дирекни контакти.
Долгорочната цел на активноста насловена “Отворени врати за учениците” е да се обезбедат информации и да се поттикне комуникацијата со младите.

|
|