| |
2 Декември, 2009
Предавање за Лисабонскиот договор во информативниот релеј во Битола
На 2 декември, информативниот релеј на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи во Битола организираше предавање за Лисабонскиот договор, кој истиот ден стапи во сила.
Околу 50 студенти присуствуваа на предавањето одржано од страна на д-р Жидас ДАСКАЛОВСКИ, м-р Младен КАРАЏОВСКИ, и Диоген ХАЏИ-КОСТА МИЛЕВСКИ.
Предавачите говореа за институционалните реформи и промени направени со договорот како и за политиките на ЕУ во областа на социјалата, човековите права, правдата и одбрана.

|
|