22 Декември, 2009

Ученици од ОУ "Глигор Прличев" го посетија ЕУ Инфо центарот

На 22 декември, ЕУ Инфо центарот беше домаќин на учениците од ОУ "Глигор Прличев".

Учениците од седмо и осмо оделение присуствуваа на предавање за историјатот на ЕУ и нејзините институции, како и за можностите за децата на таа возраст. По предавањето, тие учествуваа во сесијата прашања и одговори, и краток квиз за ЕУ.

ЕУ Инфо центарот ги отвори своите врати за учениците од основните и средните училишта, како и за студентите од универзитетите. Целта е да се воспостави редовна комуникација и да се зголемат знаењета за прашања поврзани со ЕУ преку дирекни контакти. Долгорочната цел на активноста насловена “Отворени врати за учениците” е да се обезбедат информации и да се поттикне комуникацијата со младите.