| |
9 Декември, 2009
10 декември – Денот на човековите права
Негувај jа различноста, ставете крај на дискриминацијата
Во четврток 10 декември, Делегацијата на Европската Унија во Скопје организираше серија настани со кои го одбележа Меѓународниот ден за човекови права при што се нагласува темата за антидискриминација. ЕУ го подржа проектот “Реновирање на Полициската станица – Кисела вода” што беше промовиран во Полициската станица „Кисела Вода“ од страна на Амбасадорот Ерван ФУЕРЕ, Специјален претставник на Европската Унија и Шеф на Делегацијата на Европската Унија и Г-ѓа Гордана ЈАНКУЛОВСКА, Министерка за внатрешни работи. Проектот има за цел значително да ги подигне стандардите на оваа важна полициска станица со цел да се засили заштитата на правата на граѓаните во согласност со најдобрите практики на ЕУ. Во ЕУ Инфо Центарот, се одржа панел дискусија на тема “Негувајте ја различноста, ставете и крај на дискриминацијата”, на која на присутните им се обратија Амбасадорот Ерван ФУЕРЕ, Г-дин Џелал БАЈРАМИ, Министер за труд и социјална политика и Г-дин Сашо КЛЕКОВСКИ, Извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка и член на Коалицијата за антидискриминација. .
Други активности организирани истиот ден беа:
- промоција на "Прирачник за човекови права" од Амбасадата на Холандија
- објавување на листата на проекти на НВО-а што ќе бидат финансирани од Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) како и презентација на активности и резултати на група проекти спроведени во 2009 година (ЕИДХР НВО саем).
- Програмата заврши со собирот на сите НВО-а подржани од Европскиот инструмент за демократија и човекови права
Европската Унија обезбедува одржлива подршка за реформите на полицијата со цел да се обезбеди високо ниво на гаранции на основните права, обезбедување на минимални стандарди на просторните услови во полициските станици што вклучува сруктурни реновирања на самите згради и на останатите објекти. Целосното реновирање на полициската станица во Кисела вода, во износ од 500.000 Евра, претставува еден од проектите финансирани од ЕУ во областа на правдата и внатрешните работи, а исто така, слични целосни или делумни реновирања на девет други полициски станици во земјата [Скопје (Центар, Гази Баба, Карпош, Бит Пазар, Прилеп, Гостивар, Гевгелија Штип и Тетово), во износ од околу 850.000 Евра.
Властите се обврзаа да обезбедат целосна опрема и мебел за реновираните полициски станици.
Настаните организирани по повод Денот на човековите права ги мобилизира претставниците на Владата и експертите на граѓанското општество, Канцеларијата на Народниот правобранител и судството како и студентите и младите луѓе
во одбележувањето на овој важен настан со цел да се зголеми свеста за Универзалната Декларација за човековите права и сите да ја потврдат нивната посветеност кон нејзините вредности и принципи.
Европската Унија е посветена кон човековата безбедност: ги промовира човековите права и истовремено ги допира и причините за сиромаштијата и конфликтите. ЕУ ја гради човековата безбедност со намалување на сиромаштијата и нееднаквоста,
со промовирање на човековите права, демократијата и владеење на правото, подршка на развојот и со решавање на причините кои произведуваат конфликт и несигурност. Затоа, тековните напори треба да се зголемат за да се мобилизираат сите засегнати страни,
во и надвор од Европската Унија, со цел дискриминацијата да биде тема од минатото.

+ Фото галерија од настанот
|
|