| |
ЕУ Инфо центарот во Скопје нуди
можност за 5 сесии на практикантска работа во текот на годината.
Практикантската работа е доброволна (неплатена) и од
практикантите се бара да работат половина работно време (20 часа
во текот на седмицата), во текот на двомесечен период.
ЕУ Инфо центарот нуди двомесечна практикантска работа за млади
луѓе. Работата на практикантите вклучува извршни задачи, како на
пример собирање и документирање на информации, помош при
организација на настани, обезбедување на информации и помош за
посетителите на центарот, како и потемелна работа како што е
пишување на извештаи, информативни летоци и др.
Кандидатите треба да поседуваат минимално познавање на
случувањата во ЕУ, како и интерес за интегративните процеси на
земјата кон ЕУ. По завршување на практикантската работа,
практикантите ќе добијат сертификат за завршена практикантска
работа, и доколку е потребно писмо со препорака.
Периодите во кои ќе се одвива практикантската работа се:
• Jануари-Фебруари
• Март-Април
• Мај-Јуни
• Јули-Август
• Септември-Октомври
• Ноември-Декември
Практикантите треба да бидат во можност самостојно да се
финансираат во текот на практикантската работа - да ги покриваат
патните трошоци, трошоците за сместување и дневните трошоци,
бидејќи практикантската работа е неплатена.
Критериуми:
• Практикантите треба да бидат државјани на поранешна
Југословенска Република Македонија, на земјите членки на ЕУ, или
на земјите кои аплицираат за влез во ЕУ;
• Треба да поседуваат универзитетска диплома од најмалку 3
годишни додипломски студии, по можност во областа на Европски
студии, економија, политички науки или право, и да имаат
познавање на интегративните процеси на ЕУ, особено во врска со
поранешна Југословенска Република Македонија;
• Течно да го владеат македонскиот и англискиот јазик.
Познавањето на други јазици (по можност албански јазик) се смета
за корисно;
• Познавањето на работа со компјутери е неопходно.
Како да аплицирате:
За да аплицирате, потребно е да испратите кратка биографија (CV)
и мотивационо писмо на
EUinfo@euic.mk , во кое треба да наведете зошто сте
заинтересирани за практикантска работа во ЕУ Инфо центарот, што
очекувате да научите и како тоа знаење ќе ви биде од корист во
иднина. |
|