ИНФО ЦЕНТАР ЕУ-МК  
     
  По повод 50-годишнината од Договорот од Рим, Секретаријатот за европски прашања го отвори Инфо Центарот ЕУ_МК. Инфо центарот беше отворен на 25 март 2007 и се наоѓа на главниот плоштад Македонија во градот до Ристичева палата.
Целта на проектот е да се доближат сите информации во врска со ЕУ и процесот на интеграции поблиску до граѓаните. Идејата е Центарот да стане катче каде секој ќе може да добие релевантни информации за Унијата и целосниот процес на реформи во земјата на патот кон ЕУ.

Во центарот може да се најде стручна литература со околу 600 наслови за ЕУ како и брошури, летоци и материјали за патниците, во кои се презентирани земјите членки на ЕУ, нејзините тела и институции.

Главната цел на Инфо Центарот е да се обезбедат разни информации за Европската Унија кои ќе ги задоволат потребите и интересите на луѓето.

 
  +Линк до ЕУ-МК Инфо Центар