македонски english shqip


     
   
   
   
 

 
   
 

 
   
   
   
   
   
     
     
  Европски информативен и иновативен центар - ЕИИЦМ  
     
  Европскиот информативен и иновативен центар (ЕИИЦМ) е дел од глобалната мрежа на Enterprise Europe Network. Во неа членуваат преку 600 партнерски организации од 45 држави, и тоа: здруженија на претпријатија, стопански комори, универзитети, агенции кои даваат услуги на повеќе од 25 милиони мали и средни претпријатија (МСП). Мрежата Enterprise Europe Network e aдминистрирана од страна на Извршната агенција за конкурентност и иновации – EACI при Европската комисија и претставува еден од клучните инструменти за реализација на Рамковната програма за конкурентност и иновации – CIP на Европската унија.

Главната цел на ЕИИЦМ е да овозможи организиран настап на малите и средни претпријатија на глобалниот пазар така што ќе се надминат постоечките бариери. Подобрување на конкурентноста на економијата преку зголемување на степенот на иновации на МСП е основна мисија на ЕИИЦМ.

Дејноста на центарот опфаќа:

• Интернационализација на домашните МСП во бизнис сферата, во трансферот на технологии и учество во научно-истражувачки проекти;
• Дисеминација на информации од доменот на ЕУ политиките, иницијативите и тековите релевантни за МСП;
• Наоѓање на меѓународни партнери за бизнис соработка, технолошка размена и заедничко учество во развојни проекти;
• Организација на меѓународни настани: компаниски мисии, брокерски настани, средби на компании и други форми на билатерална и мултилатерална соработка;
• Воспоставување, водење и ажурирање на бази на компании од земјата за меѓународна соработка;
• Информации и публикации за актуелни меѓународни прашања, теми и настани;
• Обука, помош и поддршка на МСП за учество на единствениот европски пазар;
• Поддршка на субјекти за учество во програмите на Европската унија (ЦИП, ФП7 итн.)
• Промоција на домашните традиционални и културни вредности.

ЕИИЦМ во земјата претставува проектен конзорциум координиран од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Членки на конзорциумот се Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, Агенцијата за поддршка на претприемништвото и Стопанската комора. Со воспоставување на контакт со која било од овие институции, МСП можат да ги добијат услугите од мрежата, преку едношалтерски систем и бесплатно.

Контакт детали:
Европски информативен и иновативен центар – ЕИИЦМ
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје – координатор
Бул. Крсте Мисирков бб 1000 Скопје
Тел. ++389 2 3 29 32 04

Website: www.eiicm.com.mk
               www.een.mk

e-mail: eiicm@ukim.edu.mk