македонски english shqip


     
   
   
   
   
 

 
   
   
   
 

 
   
   
   
   
   

     
     
  ЗА ИНФО ТОЧКИТЕ НА ЕУ  
     
 

Првиот Европски документационен центар (ЕДЦ) официјално беше отворен на Економскиот факултет при универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје, во 1995 година. Неодамна, ЕДЦ беше преименуван и ребрендиран во EUi.Во 2009 година два нови EUi беа отворени на Факултетот за администрација и управување со информатички системи во Битола, како и на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

EUi се дел од светската мрежа на eвропски информативни центри.

EUi се отворени за целата јавност во земјата и во поширокиот регион. Услуги се обезбедуваат за академската јавност, владините тела и институции, невладините организации, претпријатијата и други заинтересирани групи.

Книжниот фонд вклучува повеќе од 1,500 публикации и над 10,000 книги објавени од Европската комисија, Европскиот совет, Европскиот парламент и други ЕУ институции и организации.

Публикациите се процесираат електронски, и се создава база на податоци која потоа може да се пребарува според различни критериуми. Центарот исто така обезбедува онлајн и офлајн услуги за сите корисници. Располага со посебна колекција на ЦД-ром со правна документација за ЕУ, статистички референтни податоци и општи информации.

Главните активности на EUi се следниве:

  • Промовирање и дисеминација на информации и документација од и за ЕУ, Обезбедување на информации за посетители (главно од универзитетскиот кампус),

  • Поддршка за академски и професионални истражувачи,

  • Соработка и размена на информации со други релеи на ЕУ.

  • EUi пунктовите се отворени секој работен ден, од 07:00 до 15:00 (Скопје), од 09:00 до 17:00 (Битола), 08:00 до 16:00 (Тетово). Пристапот до сите документи и публикации е бесплатен, но не можат да се изнесуваат надвор од просториите на EUi.