8 октомври 2010

EUi во Битола организираше предавања за средношколци

EUi во Факултетот за администрација и управување со информатички системи – Битола на 8 октомври организираше предавање за средношколци на тема ‘Како функционира Европската Унија’.

Предавањето се одржа како дел на наставната програма ‘Вовед во право’.Слични настани ќе се организираат и во иднина. Целта на предавањето е претставување на најновите информации за ЕУ на учениците кои го учат овој предмет.

 
 
 

 

Настани по повод Денот на Европа во EUi Битола

По повод 9 мај, Денот на Европа, EUi Битола лоцирана во Факултетот за администрација и управување со информатички системи во Битола организираше серија настани.

 
 
+ прочитај повеќе
 
  28 АПРИЛ 2010

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕВРОПСКАТА ЛИЦЕНЦА ЗА БИЗНИС КОМПЕТЕНТНОСТ

 
     
 

На 28 април EUi Битола беше домаќин на презентација за Европската лиценца за бизнис компетентност наменета за студентите од Факултетот за администрација и менаџмент. Настанот беше организиран во соработка со Стопанската Комора – Регионална Коморо – Битола.  

 
     
     
  27 април 2010

Претседателот Иванов ја посети EUi Битола

 
     
 

На 27 април Претседателот Ѓорге ИВАНОВ ја посети EUi Битола по повод годишнината на Универзитетот “Св. Климент Охридски”.

За време на посетата претседателот одржа предавање на тема “Визијата за Pax Europeane”. 

 
     
     
     
  EUi – Факултет за администрација и управување со информатички системи, Битола
 
     
  Адреса: Факултет за администрација и управување со информатички систем, Универзитет "Св. Климент Охридски", "Партизанска" бб 7000 Битола
Тел. (++389 047) 259923
Факс. (++389 047) 259 917
е-маил: eui-bt@famis.edu.mk

 
     
     

 
2 Декември, 2009

Предавање за Лисабонскиот договор во информативниот релеј во Битола

На 2 декември, информативниот релеј на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи во Битола организираше предавање за Лисабонскиот договор, кој истиот ден стапи во сила.

 
 
+ прочитај повеќе