EUi – Економски факултет Скопје  
     
  Адреса: Економски факултет, универзитет "Св. Кирил и Методиј"
бул. "Крсте Мисирков" бб 1000 Скопје
Тел. (++389 02) 3286 835
Тел. (++389 02) 3286 860
е-маил: eui-sk@eccf.ukim.edu.mk

 
     

 
Скопје, 14 Mарт 2011

Панел дискусија “Потрошувачи за фер финансиски услуги”

По повод Европскиот ден на потрошувачите на 15 март, ЕУи при Економскиот факултет – Скопје, Универзитет ‘Св. Кирил и Методи’ организираше панел со наслов “Потрошувачите за фер финансиски услуги”.

Панелот имаше за цел да ги мотивира носителите на одлуки да преземат конкретни мерки за зголемување на транспарентноста на финансиските институции, како и да иницираат лојална конкурентност на финансиските пазари, при што ќе се реализираат операции кои ќе бидат во согласност со добрите бизнис практики и изградба на фер односи со и за финансиските услуги на потрошувачите. .

 
 
+ прочитај повеќе
 
     

 
Март 2010

EUi Скопје ќе организира панел дискусија за борба против сиромаштијата и социјалната исклученост

По повод 15-годишнината од формирањето на EUi Скопје, на 15 март во 11 часот на Економскиот факултет во Скопје ќе се организира панел дискусија насловена ”Борба против сиромаштијата и социјалната исклученост”.

Поздравно обраќање ќе имаат Деканот на Економскиот факултет – проф. д-р Љубомир КЕКЕНОВСКИ и Весна БУЦЕВСКА, Директор на EUi Скопје.

 
 
+ прочитај повеќе
 
     

 
Скопје, 15 март 2010

Панел дискусија за сиромаштијата и социјалната исклученост

На 15 март, ЕУи Скопје и Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” по повод 15-годишнината од формирањето на ЕУи Скопје организираа панел дискусија насловена “Борба против сиромаштијата и социјалната исклученост”.

Панелот, организиран во рамките на Европската година за борба против сиромаштијата и социјалната исклученост беше отворен од Деканот на Економскиот факултет проф. д-р Љубомир КЕКОНОВСКИ, и проф. д-р Весна БУЧЕВСКА која ги пренесе искуствата од 15 годишното искуство од постоењето на ЕУи.

 
 
+ прочитај повеќе