ЕУ ИНФО ТОЧКА КУМАНОВО  
     
  ЕУ Инфо точка во Куманово се наоѓа во центарот на градот на следнава адреса:
EУ Инфо точка Куманово
Општина Куманово
Општински информативен центар
Адреса: "11 Октомвриi" бб
1300 Куманово


тел/факс: (++ 389 031) 475 800
 (++ 389 031) 475817
 (++ 389 031) 432 650
e-mail: kumanovo@euinfopoint.mk
 
     
     
  20 јануари

Чекор поблиску до Европската Унија – работилница за локалните новинари и НВОи во Куманово

 
     
  Работилницата насловена “Чекор поблиску до Европската Унија” за локалните новинари и претставници на НВОи, беше организирана од страна на ЕУ Инфо точката во Куманово, во периодот од 22 до 25 јануари 2009. Семинарот беше организиран со поддршка на Македонскиот центар за европски обуки.

Целта на семинарот беше да се презентира процесот на пристапување во ЕУ и да се истакне критичната улога која ја имаат медиумите во секоја област од општеството, вклучително и процесот на ЕУ интеграции.