македонски english shqip


     
   
   
   
 

 
   
 

 
   
   
   
   
   

     
     
  ЗА ИНФО ТОЧКИТЕ НА ЕУ  
     
  Делегацијата на Европската комисија во 2003 воспостави мрежа од инфо точки на ЕУ, кои се сместени во неколку градови ширум земјата.
Седумте инфо точки на ЕУ беа отворени во рамките на Центрите за информирање на граѓаните во општините Битола, Гостивар, Кавадарци, Кочани, Куманово, Тетово и Велес.
Нивната главна цел е тоа да биде место каде граѓаните ќе научат за функционирањето на Европската Унија, нејзините институции, политики и програми како и за развојот на односите помеѓу ЕУ и Поранешна Југословенска Република Македонија.
Инфо точките нудат бесплатен пристап до публикации за ЕУ, бесплатен пристап до веб страните Европа како и можност за учество на состаноци каде се дискутираат теми за ЕУ кои се од интерес на граѓаните.

Инфо точките на ЕУ имаат конкретни активности како што се:
Организација на едукативни активности (средби со ученици, дискусии на одредени теми во центарот/училиштата, можности за стипендии итн.);

Организација на дебати, округли маси со претставници на земји членки на ЕУ, претставници на земји кандидати, експерти од земјата;

Воспоставување на соработка со граѓаните, НВО-а, институции,приватен сектор, итн., преку обезбедување на пристап за информации во врска со ЕУ (пристап до интернет, база на податоци, e-пошта, состаноци);

Воспоставување на контакти и размена на искуства со инфо точките/центри со други земји кои имаат аспирации кон ЕУ;

Соработка со локалните медиуми за обезбедување на соодветни информации за Мисијата на ЕУ во Скопје, и активности кои се спроведуваат во земјата од страна на земји членки на ЕУ.