македонски english shqip


     
   
   
   
 

 
   
 

 
   
   
   
   
   
     
     
  ЕВРОПА ПРЕКУ САТЕЛИТ  
     
  Сите посетители и најверојатно медиумските професионалци, експерти или истражувачи ќе бидат заинтересирани за програмата на Европа преку сателит (EbS).
EbS е ТВ информативен сервис на ЕУ, кој започна со работа во 1995. EbS обезбедува аудиовизуелни материјали поврзани со ЕУ преку сателит за професионалците од медиумите. Програмата е составена од мешавина од настани во живо, вести, кратки прилози за политиките и прашањата во ЕУ.

Покрај другите материјали, EbS нуди:

  •  Институционална содржина од Европската комисија, Европскиот парламент, Советот на министри, Европската централна банка и други институции.s.
  • Пренос во живо на прес конференции и брифинзи од институциите, пленарните сесии на Европскиот парламент, Европските совети;
  • Интермецо, клипови со информации и објавување на видео вести кои се продуцирани од аудиовизуелните служби и други институции на ЕУ;
  • Телетекст услуги кои пренесуваат програмски информации од ЕП во текот на пленарните седници;
  • Онлајн -во живо пренесување на прилози или настани, како и на конкретно барање во рок од 7 дена по првичното прикажување;
  • Онлајн прикажување на квалитетни видео и аудио материјали (односно MPEG2 и MP3) кои може да се симнат директно од веб страната.