13 октомври 2015

Културни приказни: Октомври – Месец на Европската литература

Издавачката куќа „АНТОЛОГ“ во соработка со Делегацијата на Европската Унија и ЕУ Инфо центарот, организираа серија настани во месец октомври посветени на Европската литература, вклучително и Промоција на Антологијата на европската љубовна поезија.


Фестивалот вклучуваше повеќе настани:

Саем на Европската литература

1ви-31ви октомври,  издавачка куќа  „Антолог“

(50% попуст на сите книги од Европски автори)

Промоција на книга од Изабел Вери (Белгија), добитничка на Европската книжевна награда во 2013 год.

10ти октомври, 20:00 часот, коктел во Кино „Фросина“, МКЦ

„Лично со Авторот – Изабел Вери“,  запознавање со авторот  и потпишување на книги

12ти октомври, 12:00 часот, издавачка куќа „Антолог”

Промоција на книга на Биљана Стојановска

13ти октомври, 21:00 часот, коктел во МКЦ

Промоција на книга на Захари Карабашлиев (Бугарија)

22ри октомври, 19:00 часот, галерија на МКЦ

„Лично со Авторот – Захари Карабашлиев“,  запознавање со авторот  и потпишување на книги


24 октомври, 12:00 часот, издавачка куќа „Антолог“ 

Крајот на месецот на Европската литература беше одбележан со промоција на Антологијата на европската љубовна поезија, насловена како: „Дај две, љубовни !“, која што се одржа на 27ми октомври  во Клубот на МКЦ.


Антологијата на европската љубовна поезија содржи поеми од европски автори на тема „Љубов“ во најразлични форми. Селекцијата на поемите беше направена од страна на 7 писатели, 5 преведувачи и 5 автори од ЕУ, од кои секој си избра по две од неговите/нејзините омилени љубовни поеми кои што потоа беа вклучени во Антологијата.

/></a></html>