13 октомври 2015

Културни приказни: Европски Современи Композитори

Прво издание: „E-кустика“


Делегацијата на Европската Унија и ЕУ Инфо центарот во тесна соработка со амбасадите на земјите – членки на ЕУ во земјава, Сојузот на Композитори во Македонија  (СОКОМ), Музичкиот ансамбл  „Con Tempora“ и истакнатиот музиколог и член на СОКОМ, г-а Бранка Костиќ – Марковиќ, партнер и координатор на проектот, ви го претставува проектот Европски Современи Композитори, проект кој ќе и биде презентиран  на публиката од страна на Европските композитори во повеќе изданија.

Првото издание на овој проект е насловено „Е-кустика“ („Е“ за Евро-акустика, но исто така и за Електро-акустика). „Е-кустика“ беше во изведба на три композитори, од кои двајца беа гости – Борис Беземер од Холандија и Гириал Барс од Шведска и еден домашен композитор – Ана Пандевска. 

Првиот концерт во рамки на програмата Европски Современи Композитори се одржа во вторник, 20 октомври, со почеток во 20:00 часот, во Даут Пашин Амам во Скопје. Се состоеше од пиеси од претходно споменатите композитори, кои ќе бидат изведени од страна на музичкиот ансамбл Con Tempora“.


На 19 Октомври 2015, ден пред концертот, на Факултетот за музичка уметност при УКИМ, Скопје, со почеток во 17:00 часот се одржи предавање (влез бесплатен) на кое композиторите Борис Беземер и Гириал Барс ги споделија своите искуства со студентите на музичките факултети со цел да им помогнат подобро да ја разберат нивната работа, современата музика и новите практики и специфични техники при компонирањето и изведбата на современите композиции.


Музичарите, продуцентите, музичките теоретичари и останатата заинтересирана публика исто така имаа можност да присуствуваат на предавањето кое се одржи во ЕУ Инфо центарот во вторник, 20 октомври 2015, со почеток во 12:00 часот (влез бесплатен), каде што трите композитори дискутираа на темата: „Како да се живее од сопственото творештво – ЕУ искуства кои би им користеле на малите земји“.

Целта на проектот Европски Современи Композитори е да ги претстави водечките современи европски композитори преку концерти на кои ќе бидат изведени нивните творештва, курсеви за студентите, дискусии со домашните композитори и професионалци, како и предавања за пошироката публика, чија цел е промовирање на Европската современа музичка уметност, како и да придонесат за развојот на нови професионални вештини на домашните музички и културни оператори.


/></a></html>