16 декември 2015

Културни приказни: Промоција на “Разговорите со Смоје“ од Борис Дезуловиќ

На 16 декември, како придружна програма, на програмата Жан Моне медиумска награда и како дел од нашата програма културни приказни, ќе биде организирана промоција на книгата “Разговори со Смоје“ од г. Борис Дежуловиќ, хрватски новинар и автор, и минатогодишен претседател на жирито “Жан Моне“.

16 декември 2015

Прогласени добитниците на наградата за медиуми Жан Моне 2015

Амбасадорот на Европската Унија во Скопје, Аиво ОРАВ и почесниот претседател на жирито Предраг ЛУЦИЌ, новинар и колумнист во бројни хрватски и регионални медиуми, ги претставија добитниците на 13 издание на наградата за медиуми Жан Моне.

11 декември 2015

Активности по повод наградата Жан Моне

Победниците на 13-то издание на наградата Жан Моне ќе бидат познати на 16 декември, среда, кога амбасадорот Аиво ОРАВ и почесниот претседател на жирито за наградата Жан Моне, Предраг ЛУЦИЌ, формално ќе ги објават победниците на наградите во три категории: најдобар новинарски текст, најдобра репортерска фотографија и најдобра аматерска фотографија.

25 ноември 2015

16 дена активизам против родово-засновано насилство

Делегацијата на ЕУ и семејството на ОН ги здружуваат силите за 16 денови активизам против родово-засновано насилство, кампања за подигнување на свеста која има за цел да стимулира акции за ставање крај на насилството врз жените и девојките во светот.

9 ноември 2015

ТАЕКС КОСМЕ Работилница и Ден за пристап до финансии во Скопје: 10-11 ноември 2015 година

Европската Комисија, во соработка со Министерството за економија, ја организира КОСМЕ Работилница и Ден за пристап до финансии на 10 и 11 ноември 2015 година, во Скопје (хотел Арка, Битпазарска 90/2, Скопје)

4 ноември 2015

Завршна конференција на проектот поддржан од ЕУ: „Изградба на капацитетите на агенциите за спроведување на законот за соодветен третман на притворените и осудените лица“

На 5 ноември 2015 г. (четврток) во 10:00 часот во хотелот Холидеј Ин во Скопје ќе се одржи завршна конференција за презентација на целите и достигнувањата во рамки на проектот..

26 октомври 2015

Инфо денови за програмата „Еразмус Плус“

Во понеделник, на 26 октомври, официјално ќе започне караванот на Инфо денови за програмата "Erazmus Плус". Настанот ќе се одржи во хотелот Континентал во Скопје, со почеток во 11:00 часот.

26 октомври 2015

Твининг проект „Поддршка на реформите во државната служба и јавната администрација“

Конференцијата ќе се одржи на 26 октомври 2015 година во 10:00 часот во просториите на ЕУ Инфо центарот.

19 Октомври 2015

Одбележување на 750 годишнината од раѓањето на Данте Алигиери и церемонија на отварање на XV-та Недела на Италијанскиот јазик

На 19 октомври 2015, Делегацијата на Европската Унија во соработка со Италијанската амбасада, Данте Алигиери Институтот од Скопје и Универзитетот св. “Кирил и Методиј“ - Скопје ја одбележаа 750 годишнината од раѓањето на Данте Алигиери и се одржа церемонијата за отворање на XV-та Недела на Италијанскиот јазик во светот.

16 октомври 2015

ПРОМОЦИЈА НА ТРИ ПРОЕКТИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА ВО ПОГРАНИЧНАТА ОБЛАСТ НА ОПШТИНИТЕ ГОСТИВАР, МАВРОВО И РОСТУШЕ

Во понеделник, 19 октомври, Делегацијата на Европската Унија заедно со општините Гостивар, Маврово и Ростуше, ќе ги промовираат резултатите од проектите финансирани преку програмите за прекугранична соработка на Европската Унија со Албанија и Косово.

13 октомври 2015

Европски Современи Композитори

Програмата Културни приказни го претставува проектот: Европски современи Композитори

Прво издание: „E-кустика“

13 октомври 2015

Октомври – Месец на Европската литература

Издавачката куќа АНТОЛОГ во соработка со Делегацијата на Европската Унија и ЕУ Инфо центарот, организираат серија настани во месец октомври со посвета на Европската литература, вклучително и Промоција на Антологијата на европската љубовна поезија.

8 октомври 2015

ЕУ ги поддржува капацитетите на Министерството за внатрешни работи за развој на интелигентен полициски модел - модел ИПМ

Во петок, на 09 октомври 2015, во 11:00 часот, во ЕУ Инфо центарот, ќе се одржи конференција за одбележување на почетокот на твининг проектот финансиран од ЕУ: „Развој на напреден и интелигентен систем за прибирање и анализа на информации во борба против организираниот криминал“.

Прогласени победниците на второто издание на Наградата ВАВИЛОН за најдобар млад преведувач

Победниците на второто издание на Награда за најдобар млад преведувач ВАВИЛОН, организирана од Делегацијата на Европската Унија и Здружението на преведувачи МАТА, беа прогласени во понеделник, во ЕУ Инфо центарот на церемонија за доделување на награди, по повод Европскиот ден на јазиците 2015.

Ден без автомобили во Скопје

Во рамките на Европската недела на мобилност, од 16 до 22 септември 2015, Делегацијата на Европската Унија во Скопје во партнерство со Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање организираа повеќе активности во насока на подигнување на свеста за вредноста и придобивките од одржливиот урбан транспорт.

21 септември 2015

Завршна конференција на проектот „Акциска мрежа за добро владеење“

Во среда, 23 септември, во 10:00, во ЕУ Инфо центарот ќе се одржи завршна конференција на проектот Акциска мрежа за добро владеење, финансиран од Европската Унија.

21 септември 2015

Денот без возила ќе се одбележи со велосипедска парада низ целата земја

Оваа година, Скопје и 14 други градови се приклучија на Европската недела на мобилност (16 – 22 септември) која се одбележува од повеќе од 1,600 градови од Европа и светот.

15 септември 2015

„Избери, промени, комбинирај“– Европската седмица на мобилноста започнува утре!

Годинава Скопје и 14 други градови повторно ѝ се придружуваат на Европската седмица на мобилноста (16-22 септември), која се одбележува во скоро 1.500 градови во 40 земји во Европа и ширум светот.

27 јули 2015

ЕУ ја поддржа ефективната имплементација на законодавството во областа на слобода на движење за работниците

На 28 Јули, вторник, во 10:00ч, во ЕУ Инфо Центарот ќе се одржи официјална конференција за затворање на твининг проектот финансиран од ЕУ “Зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на законодавството во областа на слобода на движење за работниците”.

2 Jуни 2015

ЕВРОПСКА КОМИСЈА

Делегација на Европската Унија во поранешна Југословенска Република Македонија

Информативни настани за повик на предлози

Насоки за Човековите права на ЕУ со осврт за слободата на изразувањето офлајн и онлајн

По повод Денот на Човековите права (10 декември), Делегацијата на ЕУ организира серија на санатани во ЕУ Инфо центарот со цел да се промовираат Насоките за Човекови права на ЕУ со осврт на слободата на изразувањето офлајн и онлајн, издадени од Советот на Европската унија во мај 2014.

Почнува Македокс, поддржан од Европската Унија

Во сабота, на 20ти јуни ќе биде отворено шестото издание на фестивалот на креативен документарен филм Македокс. Фестивалот кој е поддржан и од Европската Унија, ќе трае до 26 јуни, а ќе бидат прикажани над 30 креативни документарни филмови, меѓу кои и некои од најзначајните документарни филмови од последната година како филмот Солта на Земјата од Вим Вендерс, филмот Во потрага по Фела од Алекс Гибни и други.

28 мај 2015

ЕУ го поддржува усогласувањето на законодавството на Царинската управа поврзано со акцизите

На 1 јуни, во 14.00 часот, во ЕУ инфо центар ќе биде организиран настан на кој ќе биде одбележан почетокот на твининг проектот финансиран од ЕУ „Усогласување на законодавството...

28 Мај 2015

Проект финансиран од ЕУ за ефикасна регулација на нови дигитални и повеќенаменски услуги

Во понделник, 1 јуни 2015, во 11 часот ќе се одржи завршна церемонија на проектот финансиран од ЕУ: „Зајакнување на административните капацитети на телекомуникациските и медиумите власти за ефикасно регулирање на нови дигитални ...

Скопје, 27 април 2015

ЕУ ги промовира алтернативните услуги за загрижување на деца

На 27 април, во 11:00 часот, во ЕУ Инфо центарот ќе се организира промоција на проектот финансиран од ЕУ: „Промоција на алтернативните услуги за згрижување на деца“.

Скопје, 29 април 2015

Бројни културни и спортски активности по повод прославата на Денот на Европа 2015

Во четврток, 30 април, во ЕУ Инфо центарот во Скопје, Амбасадорот Аиво Орав, Заменикот на Претседателот на Владата Фатмир Бесими и Претседателот на Европското движење, проф. Милева Ѓуровска, ќе одржат конференција за печат со цел да ги претстават активностите по повод годинешната прослава на Денот на Европа.

Скопје, 22 Април 2015

ЕУ набави 20 возила за Државниот инспекторат за труд

Во четврток, 23 април 2015, во 11:30, на паркингот на спортската сала „Борис Трајковски, официјално ќе се предадат 20 автомобили на Државниот инспекторат за труд..

Скопје, 14 април 2015

ЕУ го поддржува Скопскиот маратон 2015

Во вторник, на 21 април 2015, во 13:30, во ЕУ Инфо центарот ќе се претстават тековните подготовки за Скопскиот маратон 2015.

17 април 2015

Насоки за Човековите права на ЕУ со осврт за слободата на изразувањето офлајн и онлајн

По повод Денот на Човековите права (10 декември), Делегацијата на ЕУ организира серија на санатани во ЕУ Инфо центарот со цел да се промовираат Насоките за Човекови права на ЕУ со осврт на слободата на изразувањето офлајн и онлајн...

12 март 2015

Учениците од основното училиште Христијан Тодоровски Карпош го посетија ЕУ Инфо центарот.

На 12 март ЕУ инфо центарот беше домаќин на 50 ученици од основното училиште Христијан Тодоровски Карпош.Тие земаа учество...

10 февруари 2015

Предавање за учениците од ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во ЕУ ИНфо центар

Учениците од ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ го посетија ЕУ Инфо центарот и следеа предавање за исто историјата и симболите на Европската унија, како за и можностите кои ги нуди Европската Унија

4 февруари 2015

Ученици од основното училиште “Љубен Лапе” го посетија ЕУ Инфо центарот

ЕУ Инфо центарот и Делегацијата на Европската унија, на 4ти февруари беа домаќини на околу 60 ученици од 7мо, 8мо и 9то одделение од основното училиште „Љубен Лапе “ и следеа предавање за исто историјата и симболите на Европската унија, како за и можностите кои ги нуди Европската Унија

4 февруари 2015

ЕУ го поддржува подобрувањето на услугите на Управата за јавни приходи за даночните обврзници

На 4 февруари, во 11:30, во ЕУ Инфо центарот ќе биде организирана официјална почетна конференција за проектот финансиран...

28 јануари 2015

Церемонија за инаугурација на првите грант договор во рамките на програмата за прекугранична соработка со Косово

Во четврток, на 29 јануари, во 12:00 часот, во ЕУ Инфо центарот ќе се промовираат првите грант проекти спроведени во рамките на програмата за прекугранична соработка помеѓу поранешна Југословенска Република Македонија и Косово*.

26 јануари 2015

ЕУ ја поддржува акредитацијата на ИПАРД агенцијата за инвестиции во руралната инфраструктура

На 27 јануари, во 10:30 часот, во ЕУ Инфо центарот ќе се одржи воведна конференција на твининг проектот поддржан од ЕУ „Поддршка на ИПАРД агенцијата за подготовка на акредитацијата за инвестиции во руралната инфраструктура “.

/></a></html>