30 септември 2016

Дискусија на тркалезна маса “Во светот на мозаикот”


Потенцијалот на мозаикот како креативна индустрија беше тема на денешната дискусија “Во светот на мозаикот” организирана во ЕУ Инфо Центарот од “Добредојде” центарот во Скопје.

Целта на настанот беше промоција на мозаичката уметност и занает како ветувачка креативна индустрија во земјата. Меѓународни и локални експерти за мозаичка уметност и креативна индустрија Жером Клошард, уметник за мозаици од Франција, Илија Иванов, уметник за мозаици од Бугарија, како и домашните уметници Елена Чемерска и Јасмина Бошевска) дискутираа за потенцијалното развивање на мозаикот како креативна индустрија во земјата. Уметници и занаетчии, студенти по уметност и дизајн, како и сите заинтересирани за уметност и занаетчиство, претставници од креативните индустрии, претставници од Министерството за култура, земаа учество на овој настан.

Тркалезната маса беше организирана како завршен настан на Саемот за мозаици во Скопје.

/></a></html>