15 Декември 2016

Објавени добитниците на наградата „Жан Моне“ за 2016 година

На вчерашната церемонија, амбасадорот на Европската унија во Скопје, Самуел Жбогар и Почесниот претседател на жири комисијата, г-ѓа Сонила Мечо, новинар од Албанија, ги објавија добитниците на четирнаесеттата медиумска награда „Жан Моне“.

alt=

26 Октомври 2016

КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР МЛАД ПРЕВЕДУВАЧ „ВАВИЛОН“ 2017

Делегацијата на Европската Унија објави Конкурс за најдобар млад преведувач „Вавилон 2017“

alt=

18 Октомври 2016

Објавување на конкурсот за награда Жан Моне за 2016 година

Делегацијата на Европската Унија го објавува 14-тиот конкурс за наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во покривањето на теми поврзани со темата “Договорот од Пржино и потоа”.

21 Септември

Денот без возила ќе се одбележи со велосипедска парада низ целата земја

Оваа година повторно, Скопје и 12 други градови се приклучија на Европската недела на мобилност (16 до 22 септември) која се обележува од повеќе од 2,370 градови во 51 земја од Европа и светот

alt=

20 септември 2016

Конференција за медиуми и информативна сесија за промоција на повикот за предлози

Во среда, 21 септември 2016 во 11.00 часот, во ЕУ Инфо центарот во Скопје ќе се организира информативна сесија за промоција на првиот Повик за предлози

alt=

19 септември 2016

Поддршка на ЕУ за стабилно и ефикасно управување со фондовите на ЕУ

Во вторник, на 20 септември, во 13:00 часот, во ЕУ Инфо центарот ќе се организира настан на кој ќе се обележи почетокот на проектот финансиран од ЕУ за Зајакнување на капацитетите на националните власти за стабилно и ефикасно управување со фондовите на ЕУ

19 Септември

Европската недела на мобилност

Под мотото „Паметна мобилност. Силна економија“ низ европските градови ќе биде одбележана Европската недела на мобилност

alt=

12 септември 2016

Поддршка на ЕУ за подобрување на соработката помеѓу образовните институции, приватниот сектор и јавните институции

Во вторник, na 13 септември 2016, во 09.30, во ЕУ Инфо центарот во Скопје ќе се одржи настан на кој ќе се обележи почетокот на проектот финансиран од ЕУ „Развивањана на соработката помеѓу високо-образовните институции, приватниот сектор и надлежните јавни институции“.

alt=

12 јули 2016

Понатамошен развој и зајакнување на организационите, административните и техничките капацитети на ревизорските власти

Во вторник, на 12 јули 2016, во 11:00 часот, во ЕУ Инфо центар ќе се организира настан на кој ќе биде промовиран твининг проектот финансиран од ЕУ „Понатамошен развој и зајакнување на организационите, административните и техничките капацитети на ревизорските власти“.

20 Мај 2016

Обнова на патишта, обнова на животи - нов ЕУ проект во поплавената општина Конче

Малата рурална општина Конче иако убаво, во никој случај не е лесно место за живеење - а рекордните поплави кои ја погодија истата во јануари 2015 година го направија животот уште потежок

17 Мај 2016

Културни приказни: Животот и литературното дело на Никос Казанѕакис

На 16 мај, како дел од програмата Културни Приказни, во соработка со Канцеларијата за врски на Република Грција во Скопје и Францускиот Институт во Скопје, беше организирано предавање на тема „Животот и литературното дело на Никос Казанѕакис“ по повод шеесетгодишнината од смртта на познатиот грчки писател.

16 Мај 2016

Завршен настан на твининг проектот финансиран од ЕУ за поддршка на Царинската управа

Во вторник, 17 мај 2016 година, во 12:00 часот, во ЕУ Инфо Центарот ќе биде организиран завршен настан на кој ќе бидат претставени исходот и резултатите постигнати преку имплементацијата на твининг проектот финансиран од ЕУ за поддршка на Царинската управа во „Завршување на постапката за пристапување кон конвенцијата за Заеднички транзитни постапки и Конвенцијата за поедноставување на формалностите во трговијата со стока“.

27 Април 2016

Јавна дебата: "Еколошки теми во медиумите – предности и препреки"

Во четврток, 28 април 2016 година, во 10.45 часот, јавната дебата "Еколошки теми во медиумите – предности и препреки," во организација на Центарот за еколошка демократија ФЛОРИЗОН и Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, ќе се одржи во хотел Континентал.

22 април 2016

Градиме повторно : Обновувањето на виталната врска за жителите на село Разловци

Мостот над реката Брегалница кој се наоѓа помеѓу селото Разловци и градот Делчево нема да добие награди за дизајн или архитектура, но за жителите на село Разловци е витална конекција со останатиот дел од земјата. Околу илјада луѓе зависат од мостот преку кој стигнуваат до Делчево за на работа или училиште, здравствена заштита или пазарување

11 април 2016

Поддршка за граѓанските организации во рамките на Инструментот за поддршка на граѓанските организации 2015

Делегацијата на Европската Унија во поранешна Југословенска Републике Македонија организира три (3) информативни сесии за Повикот за предлози во април 2016. Подолу се наведени точните места и време на информативните сесии кои се објавени на интернет страната на ЕуропеАид и на интернет страната на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

22 Mарт 2016

Предавање за студенти на Универзитетот Американ колеџ во ЕУ Инфо центарот

Студентите од Универзитетот Американ колеџ Скопје го посетија ЕУ Инфо Центарот и присуствуваа на предавање за историјатот на Европската Унија, начинот на кој функционионираат нејзините институции, политики, процесот на пристапување како и можностите кои Унијата им ги нуди на младите луѓе.

22 март 2016

Поврзување на населението на Могила – нов проект на ЕУ со кој ќе се помогне обновата на поплавените патишта во Пелагонија

Помошта за населението на Могила е обезбедена со одговорот на ЕУ на повикот на Пелагонија за надминување на последиците од поплавите

10 Март 2016

Конференција за борба против корупција во приватниот сектор

На 10 март 2016 г., во 09:30 ч, во Холидеј ин во Скопје се организира конференција за Раководни системи за усогласување во приватниот сектор, како активност на ИПА Твининг проектот „Поддршка кон ефикасна превенција и борба против корупција“. Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Германската канцеларија за администрација и Државната комисија за спречување корупција.

8 Mарт 2016

Второ поставка на уметнички дела „Магијата на модрата планина“ во ЕУ Инфо центар

Од 07 март – 25 март во просториите на ЕУ Инфо центар се постави втората поставка во рамките на изложбата „Магијата на модрата планина“. Втората поставка се содржи од уметнички дела од уметници од Германија, Република Чешка, Словачка и Унгарија.

08 Март 2016

ХОПС – Опции за здрав живот Скоопје отвара повик за под-грантирање на граѓански организации, здруженија и фондации

Планот за под-грантирање на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје се спроведува во рамките на проектот Превенција на пренесување на ХИВ и употреба на дроги меѓу граѓаните од пограничните области, финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА програмата за погранична соработка. Финансиска поддршка на трети лица, односно планот за под-грантирање е исто така дел од проектните активности.

24 Февруари 2016

Отворени врати за ученици-Одиме локално

Активноста “Отворени врати за учениците“ организирана од Делегацијата на Европската Унија и ЕУ Инфо Центарот, се дополнува со активноста “Отворени врати за ученици-одиме локално“ што значи дека, ќе се одржуваат предавања во средните училишта во градовите низ целата земја..

Изложба на дела од современи европски уметници “Магијата на модрата планина“

Изложбата на дела од современи европски уметници: “Магијата на модрата планина“ беше отворена на 15 февруари во ЕУ Инфо центарот. “

27 јануари 2016

Презентација на Стратегијата за развој на полицијата 2016-2020

Проектот финансиран од ЕУ: „Понатамошно јакнење на институционалниот капацитет во полициската служба” организира полугодишен настан на кој ќе се презентира достигнувањата со која ќе се опфати првата година од имплементацијата на проектот, како и презентација на еден од најважните произведени документи – Стратегијата за развој на полицијата 2016 – 2020.

27 јануари 2016

Твининг проект финансиран од ЕУ „Зајакнување на спроведувањето на правата од интелектуална сопственост“ Почетен настан

Големината и ефектите од фалсификувањето и пиратеријата се од такво значење, за што се неопходни акција од страна на владите, бизнисите и потрошувачите.

27 јануари 2016

Европски ден за заштита на податоци

Проектот финансиран од ЕУ “Поддршка на пристапот до правото за лична заштита на личните податоци” ќе организира церемонија за обележување на Европскиот ден за заштита на податоците на 28 јануари 2016, во конференциската сала на Скопски саем, МБЦ.

/></a></html>