5 Mај 2017

ДЕН НА ЕВРОПА 2017

Делегацијата на Европската Унија, во партнерство со бројни други организации, амбасади и општини, ќе организира и поддржи преку 30 настани низ целата земја, со цел да го одбележи 67-от роденден на Европската Унија и да го доближи процесот на eвроинтеграциja поблиску до граѓаните.

Денот на Европа 2017, ќе биде одбележан со многу различни настани поврзани со спортот, како Скопскиот маратон и турнири во фудбал; со настани кон кои ќе придонесат земјите членки на ЕУ; со културни настани; со годишниот матурски танц за матурантите од средните училишта, како и со бројни дебати, предавања, натпревари и локални фестивали низ целата земја.

Членовите на ЕУ Инфо мрежата – ЕУ инфо точките во општините Дебар, Охрид, Гевгелија, Кавадарци, Кочани, Битола, Тетово, Гостивар, Струмица, Крива Паланка, Велес и Куманово – на 9-ти мај во 12 часот ќе организираат хепенинзи по повод Денот на Европа 2017, со цел да ја прослават Европската идеја на локално ниво.

Исто така, таму ќе престојува и ЕУ автобусот, којшто ќе патува низ земјата во посета на следните пет села: Петровец, Негорци, Просениково, Србиново и Пласница.

За повеќе информации поврзани  со ова соопштение, Ве молиме  контактирајте со г-н Константин Јовановски, одговорен за медиуми и информирање. Тел: +389 (0)2 3248 500; е-маил: konstantin.jovanovski@ec.europa.eu