3 Март 2016

Европскиот филм зборува

Делегацијата на Европската Унија во соработка со ЕУ ИнфоЦентарот започна месечен серијал наречен „Европскиот филм зборува“ во чии рамки ќе бидат прикажани наградувани европски филмови. Избраните филмови ќе бидат прикажани за едукативни цели и за да поттикнат дебата во врска со филмската уметност, европската кинематографија од крајот на 20 и почетокот на 21 век, европската политика, процесите на миграција, како и други теми кои се опфатени со филмовите што публиката ќе ги проследи.

Серијалот започна со проекција на филмот „Европа“ на Ларс фон Триер. Филмот е добитник на наградата на жирито во Кан во 1991 година. Филмот "Европа" е направен во еден експериментален стил, со комбинирање на главно црно-бела визуализација со повремени прикажувања на моменти/сцени во боја, и со комбинирање на различни слики една врз друга со цел да се добие еден надреален ефект

Серијалот се организира во рамките на програмата Културни приказни со која се промовира европската култура преку изложби, џем сесии, филмски проекции, предавања и останати возбудливи културни настани. Програмата Културни приказни е организирана од Делегацијата на ЕУ и ЕУ ИнфоЦентарот во соработка со бројни партнери.

/></a></html>