25 март 2017

Кампањата „ЕУ за ТЕБЕ“ во Неготино

Aмбасадорот Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на Европската Унија, го посети Неготино како дел од кампањата „ЕУ за ТЕБЕ“. Кампањата „ЕУ за ТЕБЕ" има за цел да ја подигне свеста и да ја информира јавноста за помошта на ЕУ во земјата. Во Неготино амбасадорот се сретнa со градоначалникот г-н Ванчо Апостолов и ги посети проектите финансирани од страна на ЕУ.

Заедно со градоначалникот на Алмопиа, амбасадорот Жбогар и градоначалникот Апостолов, се обратија пред јавноста на финалната конференција на проектот “Пчеларство – поддршка и развој на пчеларски производи во пограничната област“. Овој проект е финансиран во рамките на програмата за преку гранична соработка на ЕУ, со вкупна вредност од 540.634 евра.

Амбасадорот Жбогар истотака ја посети и Лабораторијата за медиумска писменост– интерактивна активност организирана од средношколци, развиена во рамките на проектот „Македонска коалиција за медиуми и информациска писменост“, финансиран од страна на ЕУ. Вкупната вредност на проектот е нешто повеќе од 300.000 евра и има за цел да им помогне на учениците да станат медиумски писмени граѓани кои ќе знаат како да пристапат кон информациите, како да согледаат информации и како да го изразат своето мислење преку медиумите.