26 април 2017

Кампањата „ЕУ за ТЕБЕ“ во Штип

Aмбасадорот Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на ЕУ, го посети Штип како дел од кампањата „ЕУ за ТЕБЕ“. Кампањата „ЕУ за ТЕБЕ" има за цел да ја подигне свеста и да ја информира јавноста за помошта на ЕУ во земјата. Во Штип, амбасадорот се сретна со градоначалникот г-н Илчо Захариев, како и сите други корисници на проекти финансирани од страна на ЕУ.

На информативниот ден, Амбасадорот Жбогар им се обрати на претставниците на граѓанското општество за неодамна започнатиот Повик за предлози во рамките на ИПА ЦСФ програмата 2016-2017. ИПА инструментот за граѓанска поддршка (ЦСФ) е алатка за поддршка на организациите на граѓанското општество за нивно активно учество во обезбедувањето на демократски практики на земјите во Западен Балкан и Турција.

Во рамките на овој инструмент во вредност од 5 милиони евра, финансиска поддршка добија 19 проекти. Овие проекти ќе бидат активни во неколку области потребни во процесот на националните реформи кои ќе ја доведат државата поблиску до процесот на пристапување. Повеќето од овие проекти ќе имаат за цел да придонесат за подобрување на условите за живот на граѓаните. Прашањата со коишто ќе се бават се: поддршка и зајакнување на основните права на граѓаните, реформа на јавната администрација за да овозможи подобар квалитет за граѓаните и поддршка на инклузивноста на ранливите групи, вклучувајќи ги во општеството и ромите, а со тоа давајќи им нови можности.