18 Октомври 2016

Објавување на конкурсот за награда Жан Моне за 2016 година


Делегацијата на Европската Унија го објавува 14-тиот конкурс за наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во покривањето на теми поврзани со темата “Договорот од Пржино и потоа”.

Наградата Жан Моне ќе биде доделена во 3 натпреварувачки категории

Конкурс за најдобар новинарски напис (за написи објавени во печатени медиуми и/или на интернет)
Конкурс за најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет)
Конкурс за најдобра аматерска фотографија


Конкурс за најдобар новинарски напис

Творбите што ќе учествуваат во оваа категорија се авторски написи на тема: “Договорот од Пржино и потоа” , објавени во домашни весници, списанија и на веб-страници, во периодот меѓу 18 ноември 2015 и 19 ноември 2016.

Жирито ќе го оценува изборот на написи врз основа на номинација од главните уредници на печатените медиуми со национална дистрибуција или на домашни веб-страници (со тираж од повеќе од 10.000 во моментот на објавувањето на овој оглас).

Се очекува главните уредници да номинираат до Делегацијата на Европската унија еден новинар кој во текот на целата година пишувал/а на теми поврзани со ЕУ и да испратат најмногу 5 статии на темата“ Договорот од Пржино и потоа”. Секој новинар може поединечно да достави пријава и да учествува на натпреварот.

Написот/написите треба да ги исполнува/ат следните критериуми:

  • Написот да се однесува на темата „Договорот од Пржино и потоа”;
  • Написот да бил објавен во периодот од 18 ноември 2015 до 19 ноември 2016;
  • Написот да е потпишан со вистинското име на авторот;
  • Авторот на написот да е државјанин на Македонија.

Копии од творбите во дигитален ПДФ формат, заедно со изјава во писмена форма, потпишана од авторот, со која гарантира дека таа/тој е автор на написот, треба да се испратат на следнава е-маил адреса: JMcompetition@euic.mk, најдоцна до 20 ноември 2016 година во 14.00 часот. Секој од пријавените ќе добие потврда за прием по имеил од страна на ЕУ Инфо Центарот.

Награда: статуетка, диплома и парична награда од 1.000 евра

Конкурс за најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет

Конкурсот е отворен за сите професионални фоторепортери и фотографи од земјата, кои може да поднесат до 3 фотографии на тема „Пржино и потоа”, објавени во периодот меѓу 18 ноември 2015 и 19 ноември 2016.

Фотографиите треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Темата на фотографијата да биде „Договорот од Пржино и потоа” ;
  • Фотографијата да била објавена во периодот од 18 ноември 2015 до 19 ноември 2016;
  • Фотографиите да не се користени за комерцијални цели;
  • Авторот да е државјанин на Македонија.

Копии од фотографијата/фотографиите во дигитален формат (големината на секоја фотографија треба да биде 3-5MB ), заедно со изјава во писмена форма и потпишана од авторот со која гарантира дека таа/тој е автор на фотографијата, треба да се испратат на следнава имеил адреса: JMcompetition@euic.mk, најдоцна до 20 ноември 2016 во 14.00 часот. Секој од пријавените ќе добие потврда за прием по имеил од страна на ЕУ Инфо Центарот.

Награда: статуетка, диплома и парична награда од 1.000 евра

Конкурс за најдобра аматерска фотографија

Конкурсот е отворен за сите фотографи аматери од земјата кои може да достават една фотографија на тема “Животна средина”. Фотографиите што се натпреваруваат во оваа категорија може, но не мора, да бидат претходно објавени.

Фотографиите треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Темата на фотографијата да се однесува на Животната средина ;
  • Фотографијата да не е користена за комерцијални цели;
  • Авторот да е државјанин на Македонија.

Апликантите за оваа категорија треба да ги испратат своите апликации на следнава имеил адреса: JMcompetition@euic.mk, најдоцна до 20 ноември 2016, до 14 часот. Секој натпреварувач може да испрати по 1 (една) фотографија (големина на фотографијата 3-5 MB) како и да гарантира дека тој/таа е автор на фотографијата со испраќање на изјава во писмена форма на истата имеил адреса. Секој од пријавените ќе добие потврда за прием по мејл од страна на ЕУ Инфо Центарот.

Награда: Диплома и парична награда од 500 евра

*Забелешка: Делегацијата на Европската Унија нема да се смета за одговорна за каква било законска обврска што произлегува од какви било спорови околу авторските права, за кои исклучиво е одговорен пријавениот натпреварувач. Делегацијата на Европската Унија го задржува правото да ја поништи квалификацијата на пријавената творба околу која се спори и да ја повлече доделената награда и паричната награда.

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 14 декември 2016 година.

Лице за контакт:

Константин Јовановски
Делегација на Европска Унија
тел: 3248 537
факс: 3248 501
е-маил: konstantin.jovanovski@eeas.europa.eu