6 Февруари 2018

Делегацијата на ЕУ поддржа проекти за одбележување на Европската година на културно наследство


Во текот на 2018-та, различното културно наследство на Европа ќе се  слави ширум континентот во рамки на Европската година на културно наследство (ЕГКН). Целта на годината е да е се охрабрат повеќе луѓе да го откријат и да се ангажираат во однос на европското културно наследство, како и да се зајакне чувството за припадност на заедничка европска територија. Слоганот на годината е Нашето наследство: каде што минатото се среќава со иднината”.
По овој повод, Делегацијата на ЕУ поддржа 12 мали грантови, дел од одбележувањето на ЕГКН. Целта е да се промовира културното наследство како извор на инспирација за уметничко современо создавање и иновации, и да се зајакне интеракцијата помеѓу секторот за културно наследство и другите културни и креативни сектори. Активностите во рамки на овие проекти (види листа подолу) ќе вклучуваат изложби, музички и сценски изведби, филмски проекции, литературни читања и уметнички перформанси, работилници, натпревари по фотографија и слично, при што настаните ќе се одржуваат на самите  локации на културно наследство, како и ширум земјата.
 
Понатаму, ЕУ го разви проектот "Рута на културно наследство ЕУ - Западен Балкан", кој опфаќа серија настани кои се однесуваат на материјалното и нематеријалното наследство од регионот. Целта на проектот не е само прослава на ЕГКН, туку и демонстрација на силната посветеност на перспективата за ЕУ интеграција на Западниот Балкан во ЕУ. Слоганот на проектот е Заедничко минатото и заедничка иднина”.
 
Поддршката на ЕУ исто така вклучува финансиска помош за културата и културното наследство преку ИПА инструментот, како и преку програмата Креативна Европа, со што оваа помош достигнува 1.46 милијарди евра. Дополнителни можности за проекти поврзани со културното наследство ќе бидат достапни преку Еразмус +, Европа за Граѓаните, Хоризонт 2020 и други програми на ЕУ. Националната Управа за заштита на културното наследство исто така разви програма по повод ЕГКН, во рамки на кампањата насловена Нашето наследство европска вредност!“.
 
Повеќе информации за проектите поддржани од Делегацијата на ЕУ по повод ЕГКН можат да се најдат во следниот документ



/></a></html>