
9 Октомври 2017
Повика за предлог проекти за проекти поврзани со Европската година на Културно Наследство 2018
Делегацијата на
Европската Унија поканува културни
оператори
да испратат предлог-проекти за одбележување на Европската година на културно
наследство 2018.
Целта е да се промовира
културното наследство како извор на инспирација за уметничко современо
создавање и иновации и зајакнување на интеракцијата помеѓу секторот на културно
наследство и други културни и креативни сектори.
Прифатливи активности се однесуваат
на културното наследство и може да вклучуваат настани
на локациите на културно наследство кои се реконструирани со средства од
Европската Унија. За полесно упатување, во прилог ви е доставен список на
проекти финансирани од ЕУ во областа на културата.
Делегацијата на
Европската Унија со вкупен буџет од
30.000 евра ќе поддржи до десет
културни оператори, до 3.000 евра по проект. Вкупниот буџет може да биде
поголем доколку се обезбедени средства од други извори. Проектните активности мора да бидат спроведени во
периодот од 1 јануари до 31 декември 2018 година.
Културните
оператори кои се заинтересирани да аплицираат треба да достават:
1. Писмо за изразување интерес кратко
презентирајќи ја нивната стручност и искуство во областа во која работат, листа
на претходни проекти и постигнати резултати (максимум 1 страница);
2. Резиме на проектот во кое се опишуваат
предложените активности, вклучувајќи ги целите, целните групи, временската
рамка, детален буџет и висината на
бараниот износ (максимум 3 страници).
Документите за
аплицирање треба да биде пополнет на
англиски јазик и испратен по електронска пошта најдоцна до 30 октомври 2017 година, на следнава електронска адреса: euinfo@euic.mk
. Апликациите добиени по крајниот рок нема да се сметаат за подобни.
Изборот на проекти ќе биде
направен од Делегацијата на Европската Унија. Избраните проекти ќе бидат
известени до 30 ноември 2017 година. Делегацијата на Европската Унија може да
одлучи да поддржува само една или повеќе активности опфатени во предлогот на
еден апликант.
Листа на културни проекти финансирани од ЕУ