ЕУ Инфо Центар

Програма за практикантска работа


ЕУ Инфо Центарот во Скопје нуди можност за 5 сесии на практикантска работа во текот на годината. Практикантската работа е на доброволна основа (неплатена),  додека од практикантите се бара да работат со скратено работно време (20 часа неделно) во период од три месеци.

ЕУ Инфо центарот нуди практикантска работа за младите во траење од три месеци. Практикантската работа вклучува извршни задачи како собирање и документирање на информации, помош во организирањето на настаните во ЕУ Инфо центарот, обезбедување помош и информации на посетителите на ЕУ Инфо центарот, како и потемелни активности и тоа пишување извештаи, изработка на летоци и друго.  

Кандидатите треба да поседуваат основни информации за случувањата во ЕУ, како и интерес за процесот на интеграција на државата во ЕУ. По завршувањето на практикантската работа, практикантите ќе добијат сертификат со кој се потврдува дека ја завршиле практикантската работа, а доколку е потребно и писмо за препорака.  

Периодите во кои се одржува практикантската работа се:

  • август - октомври
  • ноември - јануари
  • февруари - април
  • мај - јули

Во текот на практикантската работа, практикантите треба да бидат финансиски независни, со цел да ги покријат трошоците за превоз, сместување и дневните трошоци, затоа што практикантската работа е неплатена. 

Критериуми за квалификување:

  • Практикантите мора да бидат државјани на поранешната Југословенска Република Македонија, државјани на една од земјите членки на ЕУ или на некоја од земјите кандидати за членство во ЕУ;
  • Практикантите мора да поседуваат универзитетска диплома од најмалку 3 години додипломски студии, по можност во областа на Европските студии, економски, политички или правни науки. Покрај тоа, практикантите треба да бидат запознаени со процесот на интеграција во ЕУ, особено поврзани со поранешната Југословенска Република Македонија;
  • Познавање на македонскиот и англискиот јазик или македонскиот, албанскиот и англискиот јазик, како и на други јазици се сметаат за предност;
  • Добри компјутерски вештини се истотака потребни.

Како да се аплицира:

За да аплицирате треба испратите куса биографија и мотивациско писмо на EUinfo@euic.mk, во кое треба да наведете дека сте заинтересирани за практикантска работа во ЕУ Инфо центарот, што очекувате да научите и како тоа знаење ќе ви користи во иднина.