Придружете ни се на настаните за ЕУ

Повеќе од 400 настани се одржаа во текот на минатите 3 години, меѓу кои и дебати, семинари, прес-конференции, тркалезни маси, предавања, мини-саеми, изложби, филмски проекции, концерти, итн., кои привлекоа најразновидна публика.

Салата за конференции на ЕУ Инфо центарот е целосно опремена со аудио, презентациска и преведувачка опрема и е одличен простор со капацитет од 64 места за седење за успешно организирање настани.

Отворени сме за организирани групи посетители. Редовно се организираат предавања за ученици од основните и од средните училишта и за студенти од универзитетите во рамките на проектот „Отворени врати за учениците“. За организирани групни посети, ве молиме контактирајте нè на следнава електронска адреса: euinfo@euic.mk

Организациите заинтересирани за организација на настани, кои се поврзани со ЕУ, може да аплицираат со пополнување на образецот за резервација на просториите на ЕУ Инфо центарот и да го испратат на следната електронска пошта: euinfo@euic.mk. Образецот може да се симне тука: Заинтересираните организации треба да ги земат во предвид следните критериуми кога аплицираат за резервација на просториите на ЕУ Инфо центарот:

  • темите на настанот треба да бидат тесно поврзани со политиките, програмите, и иницијативите на Европската унија
  • приоритет имаат проектите финансирани од ЕУ
  • образот за користење на просториите на ЕУ Инфо центарот треба да биде испратен најмалку две недели пред предложениот датум за одржување на настанот
  • најмногу три партнерски настани може да се организираат во текот на една недела
  • една организација може да го користи ЕУ Инфо центарот најмногу два пати годишно
  • времетраењето на настанот треба да биде во времетраење на еден работен ден
  • присуството на медиуми на настанот е приоритет
  • настаните во сабота треба да бидат ограничени во рамките на работното време на ЕУ Инфо центарот (10:00 – 13:00 часот)