25 Ноември 2016

Федерика Могерини, по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените


Порака на Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и заменик-претседател на Европската комисија, Федерика Могерини, по повод Меѓународниот ден  за елиминација на насилството врз жените.

Секогаш кога го одбележуваме Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените,  ние го признаваме неуспехот на нашите општества. Жените и девојчињата се таргетирани – дома, во своите општества, на своите работни места – во целиот свет. Нашата ЕУ не e исклучок, напротив, сведоци сме на загрижувачки тренд  што им пркоси на достигнувањата што сме ги земале здраво за готово. Жените трпат голема болка и многу често тие мора да ја носат оваа тежина сами. Но насилството врз жените претставува насилство врз целото општество: треба да реагира целото општество, почнувајќи од мажите.

Како креатори на политики, ние носиме најголема одговорност за заштита на жените и за подигањето на свеста. ЕУ, во своите граници, а и во целиот свет работи на таргетирани проекти, вклучувајќи ги и оние преку новиот Акциски план на ЕУ за родова еднаквост 2016- 2020. На пример, ние ги подржуваме младите девојки кои велат „ НЕ“ на принудниот брак и работиме со семејствата и локалните лидери кои се откажуваат од сакатење на женските гениталии. Ние помагаме во ширење на пораката дека насилството врз жените е знак на слабост на мажите, а не на сила.

Затоа што ова е, прво и основно, културна борба којашто ги вклучува сите, а медиумите имаат многу чувствителна улога.  Не може да има простор за задоволство. Секој збор треба да биде избран внимателно кога е во прашање родовото насилство, и не треба да постои друг збор за да се опишат сторителите освен зборот „криминалци“. Криминалци кои ги лишуваат девојките и жените од нивнот право да студираат, да работат, да го изберат или да го напуштат својот партнер, криминалци кои ги лишуваат од нивната слобода.