10 јануари 2017

Претставување на приоритетите на претседателството на Малта


Со преземањето на претседателството со Советот на Европската Унија од страна на Малта во јануари 2017 година, ЕУ се соочува со најтешките предизвици во својата 60 годишна историја. Досега невиден бран на миграција, пораст на популизмот низ целиот континент, економската стагнација во некои земји членки, како и очекуваните последици од референдумот во Јуни 2016 за излез на Обединетото Кралство од Унијата. Ова е време на големи глобални промени.

Темата на претседателството на Малта е обединувањето. Тоа не е законска програма, туку е филозофија и начин на работење. Тоа значи повторно поврзување со луѓето, слушање и работење за луѓето, рамноправна поделба на товарот и придобивките од членството во ЕУ помеѓу луѓето и државите, како и обновување на чувството за соработката и добрососедство во време на постојани фракции во Унијата.

Малта разви голем број на приоритети кои се детално објаснети во нивната Програма. Ова се темите::

  • Миграција
  • Единствен пазар
  • Безбедност
  • Социјална вклученост
  • Европско соседство
  • Поморство

Миграцијата и азилот претставуваат еден од највисоките приоритети. Целите во област се да се направат реформи во заедничкиот Европски систем за азил со цел рамномерно распределување на товарот помеѓу земјите членки, како и да се обезбеди сигурност дека ова прашање ќе остане на врвот на политичката агенда.

Малта, исто така ќе се фокусира во зајакнување на единствен Европски пазар, огромната слободна трговска област која се смета за најголема предност на ЕУ. Приоритети во овој дел вклучуваат конечно укинување на трошоците за мобилен роаминг, како и уривање на дигиталните огради кои им оневозможуваат на некои европски државјани купување на добра и услуги од други ЕУ држави, практика позната како гео-блокирање.

По ужасните терористички напади во последните години во целиот свет, безбедноста претставува примарна грижа за граѓаните на секоја нација. Малтешкото претседателство ќе работи на развивање на конкретни предлози кои ќе се однесуваат на регионалните и глобалните предизвици, истовремено почитувајќи ги вредностите на кои се заснова самото постоење на ЕУ. Прва линија на работа во оваа област останува ефективната дипломатија.

Социјалната политика е нешто за што владата на Малта цврсто се залага. Работењето во овој дел ќе биде водено преку блиска консултација со социјалните партнери, граѓанското општество и граѓаните со цел подобрување на половата еднаквост, почитување на правата на малцинствата и на ранливите групи.

Европската безбедност и просперитет е тесно поврзана со принципот на добрососедство. Свесни за потенцијалниот последователен ефект на нестабилност кој е присутен надвор од границите на ЕУ, Малтешкото претседателство ќе се фокусира на ангажманот на ЕУ во стабилизирањето на нашето соседство.

Европската Унија ќе биде се позависна од океаните и морињата. Работата во овој дел ќе биде фокусирана не само кон одржливоста на океаните, туку и кон ефективно раководење со цел промовирање раст во областите како поморскиот туризам и поморскиот транспорт.

Повеќе информации на: http://bit.ly/2iXvEgV